A close-up of a pipette dropping a liquid into a row of clear glass test tubes in a laboratory setting.

BioGaia® – лидер во светот на пробиотиците повеќе од 30 години

Дознајте повеќе за BioGaia® и Ewopharma.

A female scientist with blonde hair and glasses, wearing a white lab coat, working in a laboratory setting.

За BioGaia®

BioGaia® е иновативна фармацевтска компанија и светски лидер во областа на пробиотиците. Во моментов има 124 вработени кои се  членови на тимот во канцелариите во Шведска, САД и Јапонија.

Основана во 1990 година, BioGaia® се базира на богато искуство во развојот, маркетингот и продажбата на пробиотски производи и поседува широка мрежа на независни истражувачи и експерти, специјалисти за производство и партнери за дистрибуција низ целиот свет. Педијатрите и другите здравствени работници во повеќе од 100 земји им веруваат и ги  препорачуваат производи на BioGaia® на своите пациенти. Сите производи на BioGaia® содржат Limosilactobacillus reuteri Protectis™, сој на пробиотски бактерии кој ја одржува хармонијата на микробиотата во гастроинтестиналниот тракт. Како една од ретките бактерии што ко-еволуирале со луѓето од самиот почеток, Limosilactobacillus reuteri Protectis™ може да преживее во човечкиот организам и природно да го колонизира. Мисијата на BioGaia® е успешно да придонесе за поддршка на здравјето и благосостојбата на оние со дигестивни проблеми со клинички докажани и корисни пробиотски производи кои прават вистинска разлика. За повеќе информации посетете ја www.biogaiagroup.com

За Ewopharma

Евофарма претставува иновативен маркетинг партнер за позиционирање на пазарот на фармацевтски производи и производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Швајцарија, Централна и Источна Европа.

Компанијата е активна во регионот повеќе од 60 години. Ewopharma поседува  големо познавање на овие пазари и високи позиции на локалните пазари во наведените територии. Ewopharma претставува регионални и меѓународни фармацевтски партнери како нивен ексклузивен застапник и ги покрива сите аспекти на пристап до пазарите и комерцијализација на етичките фармацевтски производи и производите за здравје на потрошувачите.Во компанијата се вработени повеќе од 350 висококвалификувани кадри во над 15 земји. За повеќе информации посетете ја www.ewopharma.com.

Евофарма АГ Претставништво Скопје

Антон Попов 1-2/3

Скопје 1000

Tel:+389 2 511 35 99

info@ewopharma.mk

Испратете ни порака

*Обврзувачко поле

Изјава за согласност во врска со заштитата на податоците: Со ова потврдувам дека ги прочитав и ги прифаќам условите за приватност.