Прашања и одговори
Знаеме дека здравјето на дигестивниот систем не е секогаш лесна тема, па затоа составивме неколку одговори на најчесто поставуваните прашања.
Limosilactobacillus reuteri Protectis™ е пробиотски сој кој ко-еволуирал со човекот од неговото постоење и поради тоа е лесно прилагодлив на својот домаќин. L. reuteri Protectis™ е еден од првите пробиотски видови кои природно се среќаваат во нормалната микробиота на новороденчето. Пробиотските производи на BioGaia® со L. reuteri Protectis™ се меѓу научно најдокументираните пробиотици во светот и во однос на ефикасноста и безбедноста. Досега, ефикасноста и безбедноста на различните соеви на BioGaia® на L. reuteri Protectis™ се документирани во 266 клинички студии кај 22.634 испитаници од сите возрасти. Прочитајте повеќе за Limosilactobacillus reuteri Protectis™.
Limosilactobacillus reuteri Protectis™ е пробиотска бактерија од видот Limosilactobacillus reuteri кој е тестиран во повеќе од 179 клинички испитувања на 17.969 индивидуи. Го има во производи како што се капки за бебиња и таблети за џвакање. Неговата научна класификација е Limosilactobacillus reuteri DSM 17938.
Бактериите се во мирување и истите стануваат активирани и целосно метаболички активни кога ќе дојдат во контакт со плунката. Кога ќе стигнат до стомакот, тие почнуваат да го колонизираат.
Производите кои содржат различни пробиотски соеви не значи дека имаат подобар ефект од производите со еден вид. Најважно е дека сојот или соевите покажуваат клиничка ефикасност.
Сите пробиотски соеви се од човечко потекло, вршат природна колонизирација на гастро-интестиналниот тракт на човекот и затоа се со поголема веројатност да имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето.
Името BioGaia® се состои од два збора, Bio и Gaia. Био значи живот и живи организми, природни, биолошки и еколошки системи. Гаја, според грчката митологија, е божица, творец на целиот живот, сестра на Ерос и персонификација на Земјата.
Капките BioGaia® Protectis™ може да се чуваат на собна температура на суво место, на температура до 25 °C.
Изложеноста на високи температури и/или висока влажност ја забрзува деградацијата на пробиотските бактерии. Ако изложувањето е предолго, тоа ќе резултира со пократок рок на траење на производот, но производот сепак е безбеден за употреба.
Капките BioGaia® Protectis™ не треба да се чуваат во замрзнувач. Во замрзнувачот маслената суспензија ќе се зацврсти, а пробиотските бактерии ќе бидат изложени на вода. Овој процес сериозно го скратува рокот на траење на производот.
Под кои услови се користат таблетите не е од суштинско значење. Најважно е да се зема редовно препорачаната дневна доза.
Не е важно дали пробиотските производи на BioGaia® се земаат со или без храна. Она што е важно е да го земате на дневна основа и во време од денот кога ви е вам најпогодно.
Да, капките може да се мешаат со мајчиното млеко и/или формула. Единственото нешто што треба да се земе предвид кога се додаваат капките во течности е температурата. Не ги додавајте во течности потопли од 37°C .
а. Добро протресете 10 секунди пред секоја употреба.
б. За да ги истечат капките навалете го шишето и ставете ги во лажичка.
в. Користете 5 капки еднаш дневно.
Не ги додавајте во топли напитоци или храна бидејќи тоа може да ги оштети живите бактерии
Препорачаната дневна доза на Lactobacillus reuteri Protectis™ е 100 милиони CFU, или 10^8 CFU. Оваа доза ја добивате со конзумирање на 1 таблета BioGaia® Protectis™ таблети за џвакање или со 5 капки BioGaia® Protectis™.
Зарем не треба да биде поголема кај возрасните? Препорачаната доза на пробиотик не зависи од телесната тежина. Клиничките студии на BioGaia® покажуваат ефикасност и кај деца и кај возрасни со иста доза.
Врз основа на резултатите од клиничките студии, нивото на доза од 100 милиони CFU/ден е избрана како безбедна и ефикасна доза за Lactobacillus reuteri Protectis™.
Да, бидејќи нивото на корисни бактерии во цревата се намалува во рок од околу една недела по прекинот на употребата. Дури и автохтоната бактерија како Lactobacillus reuteri Protectis™ треба да се зема на редовна основа, бидејќи повеќето луѓе од современото општество не се колонизираат од Limosilactobacillus reuteri за време на детството. Со редовно земање на BioGaia® пробиотици, ја одржувате стабилна дневната потреба за лактобацили.
Тешко е да се даде точен одговор бидејќи причините за земање пробиотик се многубројни, а составот на секоја цревна микробиота е различен и уникатен. Ако имате прашања во врска со вашето или здравјето на вашето бебе, секогаш консултирајте се со здравствен работник за совет.
Секоја таблета за џвакање BioGaia® содржи само 1,1 (Kcal).
Дамките не се опасни и производот сè уште може да се користи. Таблетите BioGaia® содржат аскорбинска киселина, која е антиоксиданс кој придонесува за стабилноста на таблетите. Со текот на времето, аскорбинската киселина оксидира и бојата станува потемна. Ова затемнување се гледа како мали „точки“ на таблетата.
Клиничките студии покажаа дека капките BioGaia® Protectis™ се безбедни за давање од првиот денот од раѓање.
Извршени се неколку безбедносни студии кои вклучуваат новороденчиња (вклучувајќи предвремено родени бебиња), мали деца, возрасни, постари лица и имунокомпромитирани (вклучувајќи ХИВ-позитивни). Во ниту една од овие студии, Limosilactobacillus reuteri Protectis™ не покажа несакани ефекти дури и кога се администрираше во дози кои беа многу над нивото содржано во производите на BioGaia®.
Пробиотските производи BioGaia® се додатоци на храна и затоа се споредливи со јогуртот кога станува збор за безбедноста. Нашите производи би можеле да бидат корисни во комбинација со на пример антибиотици бидејќи помагаат да се одржи урамнотежена цревна микробиота.
Производите на BioGaia® се ослободени од алергени како млеко, глутен, јајца, кикирики, јаткасти плодови, риба, школки, соја.
Таблетите BioGaia® Protectis™ може да ги користат пациенти кои страдаат од алергија на млечни протеини и/или се интолерантни на лактоза/глутен.
Капките и таблетите BioGaia® не содржат протеин од кравјо млеко. Затоа, употребата на капки или таблети BioGaia® е можна и за луѓе со алергија на протеин од кравјо млеко.
Пробиотиците се добри бактерии кои се наоѓаат во храната или додатоците на исхрана. Дефиницијата е „живи микроорганизми кои, кога се администрираат во соодветни количини, обезбедуваат здравствен бенефит на домаќинот“. (СЗО/ 2002). Важен критериум за квалификација како вистински пробиотик е дека здравствените придобивки треба да се докажат во клиничките испитувања. Понатаму, пробиотскиот производ мора да ги содржи истите бактериски соеви и истата доза што била користена во клиничките испитувања.
BioGaia® им нуди на потрошувачите ширум светот клинички докажани, патентирани и кориснички пробиотски производи. Доколку сакате да дознаете повеќе за пробиотиците и ефектот на добрите бактерии, ви препорачуваме да контактирате со здравствен работник.
Пробиотиците се живи микроорганизми кои, кога се администрираат во соодветни количини, му даваат здравствена корист на домаќинот. Пребиотиците се несварливи состојки кои го стимулираат растот на бактериите во дигестивниот систем на начини за кои се тврди дека се корисни за здравјето.
Различни пробиотски производи содржат различни пробиотски соеви. Ова значи дека еден пробиотски производ со Limosilactobacillus reuteri, на пример L. reuteri NCIMB 30242, не е еднаков на друг пробиотски производ кој содржи друг вид на Limosilactobacillus reuteri, на пример L. reuteri DSM 17938. Затоа бактериите мора да се дефинираат и тестираат во клинички испитувања на ниво на сој.
Производите кои содржат неколку соеви не мора да имаат подобар ефект од производите со еден вид. Најважно е дека сојот или соевите покажале клиничка ефикасност во клиничките студии.