A close-up of a pipette dropping a liquid into a row of clear glass test tubes in a laboratory setting.

BioGaia – лидер во светот на пробиотиците повеќе од 30 години

Дознајте повеќе за BioGaia и Ewopharma.

A female scientist with blonde hair and glasses, wearing a white lab coat, working in a laboratory setting.

За BioGaia

BioGaia е иновативна фармацевтска компанија и светски лидер во областа на пробиотиците. Во моментов има 124 вработени кои се  членови на тимот во канцелариите во Шведска, САД и Јапонија.

Основана во 1990 година, BioGaia се базира на богато искуство во развојот, маркетингот и продажбата на пробиотски производи и поседува широка мрежа на независни истражувачи и експерти, специјалисти за производство и партнери за дистрибуција низ целиот свет. Педијатрите и другите здравствени работници во повеќе од 100 земји им веруваат и ги  препорачуваат производи на BioGaia на своите пациенти. Сите производи на BioGaia содржат Limosilactobacillus reuteri Protectis, сој на пробиотски бактерии кој ја одржува хармонијата на микробиотата во гастроинтестиналниот тракт. Како една од ретките бактерии што ко-еволуирале со луѓето од самиот почеток, Limosilactobacillus reuteri Protectis може да преживее во човечкиот организам и природно да го колонизира. Мисијата на BioGaia е успешно да придонесе за поддршка на здравјето и благосостојбата на оние со дигестивни проблеми со клинички докажани и корисни пробиотски производи кои прават вистинска разлика. За повеќе информации посетете ја www.biogaiagroup.com

За Ewopharma

Евофарма претставува иновативен маркетинг партнер за позиционирање на пазарот на фармацевтски производи и производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Швајцарија, Централна и Источна Европа.

Компанијата е активна во регионот повеќе од 60 години. Ewopharma поседува  големо познавање на овие пазари и високи позиции на локалните пазари во наведените територии. Ewopharma претставува регионални и меѓународни фармацевтски партнери како нивен ексклузивен застапник и ги покрива сите аспекти на пристап до пазарите и комерцијализација на етичките фармацевтски производи и производите за здравје на потрошувачите.Во компанијата се вработени повеќе од 350 висококвалификувани кадри во над 15 земји. За повеќе информации посетете ја www.ewopharma.com.

Евофарма АГ Претставништво Скопје

Антон Попов 1-2/3

Скопје 1000

Tel:+389 2 511 35 99

info@ewopharma.mk

Испратете ни порака

*Обврзувачко поле