Mother sitting on a couch and looking lovingly at her baby lying on her lap, in a bright and cozy room

Регургитација

Регургитација, рефлукс, плукање - овие термини ја опишуваат ситуацијата кога бебето ќе исплука/поврати млеко за време или по хранењето. И покрај тоа што изгледа алармантно, вообичаено е додека кај се бебето се развива дигестивниот систем.

Baby resting on a woman's shoulder, looking directly at the camera, with a calm expression and a light background. Baby resting on a woman's shoulder, looking directly at the camera, with a calm expression and a light background.

Регургитација - причина за загриженост?

Повеќето бебиња се среќни и здрави дури иако често повраќаат. Ова може да претставува грижа за родителите, но е дел од природен процес на развој и обично нема потреба да се грижите. Стомакот на бебето мора да научи правилно да се испразни, а тоа трае со недели.

Повраќањето е многу честа појава кај малите бебиња и често се јавува после хранење. Повраќањето е во течна состојба и може да изгледа како и самото млеко во прав или млеко со кое се храни бебето. Кај мали деца, сфинктерот на хранопроводот, што спречува храната да се врати во устата, сè уште не е целосно формиран. Понатаму, подвижноста на гастроинтестиналниот тракт исто така не е целосно развиена. Овие аспекти доведуваат до повраќање. Сепак, тоа обично исчезнува постепено во текот на првата година од животот, бидејќи дигестивниот тракт созрева и детето почнува да поминува почесто и повеќе време во исправена положба.

Mother sitting on a couch and breastfeeding her baby, looking down with a gentle smile

Како да помогнеме?

Здравата рамнотежа на бактериите во нашите црева е важна за правилно функционирање на дигестивниот систем. Сепак, бактериите не само што помагаат во варењето на храната, туку влијаат и на подвижноста на гастроинтестиналниот тракт. Подвижноста на гастроинтестиналниот тракт е подвижност што ја „води“ храната низ дигестивниот тракт и надвор од телото. Кога е нарушена подвижноста на гастроинтестиналниот тракт, на храната може да и треба подолго време да помине низ дигестивниот тракт и да стигне до тенкото црево, што може да предизвика повраќање. Некои бебиња се многу чувствителни на нивната околина, па затоа е важно да се избегнат вознемирувачки фактори за време на хранењето. Целта е да се смири бебето и да му се обезбеди пријатно опкружување - тивка просторија со пригушени светла и пријатни тивки звуци што може да направат бебето да се чувствува поудобно.

Покрај тоа, пробиотските производи на BioGaia кои содржат бактерија Limosilactobacillus reuteri Protectis, можат да помогнат во подобрувањето на подвижноста на гастроинтестиналниот тракт со зајакнување на добрите бактерии во цревата на бебето и со тоа намалување на фреквенцијата на повраќање.

 

Патувајте непречено и секаде со омилените пробиотици за целото Ваше семејство!

Патувајте непречено и секаде со омилените пробиотици за целото Ваше семејство!

Дијарејата која се јавува при патување е еден од најчестите дигестивни проблеми во тек на летото. Во продолжение, ќе најдете совети како да го подготвите Вашиот дигестивен систем за патување и ќе научите како пробиотиците може да Ви го олеснат патувањето и да Ве направат среќни.

Одржување на здрава цревна микробиота на почнувајќи од доење па се до воведување цврста храна

Одржување на здрава цревна микробиота на почнувајќи од доење па се до воведување цврста храна

Откријте корисни совети за воведување цврста храна на вашето бебе и дознајте повеќе за моќта на доењето во развојот на цревната микробиота и неговата улога во созревањето на имунолошкиот систем.