Mother feeding her baby with a bottle while lovingly looking at the child in a brightly lit room with a large window in the background

Првите 1.000 дена од животот

Првите 1.000 дена од животот (ова е околу периодот помеѓу зачнувањето и втората година од животот на детето) се сметаат за клучна фаза и за “златно време” за воспоставување на микробиотата на доенчињата бидејќи тие влијаат на развојот на цревната флора и на имунолошкиот систем. Оваа фаза има големо влијание за долгорочни ефекти за здравјето на човекот.

Mother holding her baby, who is sucking on their thumb, in a cozy kitchen setting with a mixer and other kitchen items in the background.

Од зачнувањето па натаму

Секако, на бебињата им е потребна мала помош со ова на почетокот, а мајката тоа го прави со давање на дел од сопствената имунолошка одбрана на своето дете, позната и како пасивен имунитет.

Ова започнува додека бебето е сè уште во мајчината утроба, каде што преку плацентата му предава антитела на своето неродено дете. Потоа, за време на вагинално раѓање, новороденчето добива доза на бактерии од родилниот канал. Мајчиното млеко исто така обезбедува првично снабдување со антитела присутни во животната средина на мајката. Овој пасивен имунитет нуди основа за високо ефективната одбранбена мрежа на детето, која ќе го придружува цел живот.
 

Smiling baby in a yellow outfit sitting in a high chair, looking content while putting their hand in their mouth, with a window and greenery in the background. Smiling baby in a yellow outfit sitting in a high chair, looking content while putting their hand in their mouth, with a window and greenery in the background.

Развој на цревната микробиота – основа за цел живот

Здравата и разновидна цревна флора не е важна само за варењето на храната, туку игра и клучна улога во развојот на имунолошкиот систем. 

Одлучувачкото созревање на цревната флора започнува со самиот чин на раѓање, при што мајката ги пренесува бактериите од нејзината микробиота на доенчето кога тоа минува низ родилниот канал. По раѓањето, составот на цревната флора главно зависи пред се од  исхраната на детето (доење или формула за доенчиња), но и од околината (присуството на браќа и сестри или домашни миленици).

Нарушувањата на цревната флора во раната детска возраст заради употреба на антибиотици може да се поврзат со здравствени несакани ефекти подоцна во животот, на пр. зголемен ризик од алергии, астма или борба со прекумерна тежина. Затоа особено е важно да се поддржи развојот на здрава цревна флора уште рано во животот на детето.
 

Mother smiling and holding her baby dressed in a yellow outfit, standing in a bright room with a window and greenery in the background.

Совети за поддршка на цревниот микробиот

Мајката му дава на своето бебе многу повеќе од љубов, внимание и сигурност. Дури и пред раѓањето, разновидна и здрава исхрана може да влијае на одбраната на бебето и да допринесе за зајакнување на цревната микробиота на детето во првите години од животот. 

Дополнувањето на цревната микробиота со пробиотици, како што е L. reuteri Protectis (DSM 17938), може да биде исто така корисно во текот на  последниот триместар од бременоста.Дури и по раѓањето вие како родители можете да го поддржите развојот на цревната микробиота на вашите бебиња. Но како?

• Секој ден поминувајте малку време надвор на прошетка
• Погрижете се Вашето дете редовно и доволно да спие.
• Со воведувањето на цврста храна, интегрирајте многу овошје и зеленчук
• Поддржете го развојот на цревната микробиота на Вашето дете со секојдневно додавање на пробиотски производи, како што е L. reuteri DSM 17938 (Protectis), барем до навршување на првите две години од животот на Вашето дете.
 

Одржување на здрава цревна микробиота на почнувајќи од доење па се до воведување цврста храна

Одржување на здрава цревна микробиота на почнувајќи од доење па се до воведување цврста храна

Откријте корисни совети за воведување цврста храна на вашето бебе и дознајте повеќе за моќта на доењето во развојот на цревната микробиота и неговата улога во созревањето на имунолошкиот систем.

Хранлива/квалитетна исхрана во зима: Јакнење на имунитетот и дополнување на цревната микрофлора преку здрави навики во семејството

Хранлива/квалитетна исхрана во зима: Јакнење на имунитетот и дополнување на цревната микрофлора преку здрави навики во семејството

Откријте го квалитетниот начин на исхрана во зима кој ќе го поттикне имуниот систем и со кој ќе изградите здрави семејни навики. Научете што се пребиотици и пробиотици, вклучително и за BioGaia пробиотските производи, и како да ги додадете во Вашата исхрана. Откријте кои се есенцијалните витамини и минерали за поддршка на имунитетот, и како да го додадете витамин Д3 со BioGaia. И на крај, испробајте го нашиот рецепт за топло чоколадо во супа од коски – вкусен/деликатесен и хранлив оброк за целото семејство.