Цревна микробиота – мал-голем универзум за вашето бебе
Научете ја важноста на првите 1000 дена зачнувањето на Вашето бебе, осознајте како тоа влијае на развојот на имунолошкиот систем и како можете да го зајакнете.
Многу деца страдаат од констипација за време на детството и адолесенција. Во многу од случаите не може да се пронајде органска причина за појавата - оваа појава тогаш се нарекува функционална констипација.
Кај децата и адолесцентите констипација може да се појави заради недоволно храна богата со влакна во нивната исхрана, мал внес на течности или терапија со некои лекови. Меѓутоа на дигестивен систем и цревната флора исто така под влијание и нашата емотивна и ментална состојба, а таа е подложна на подеми и падови во детство и адолсенцијата. Причинините за констипација може да се кријат во емотивен стрес, промена на околностите, патување или лошо расположение.
Повеќето од нас не се чуствуваат пријатно кога треба да зборуваат за празнење на цревата, додека децата и адолесцентите ретко сакаат да разговараат за проблемите кои ги имаат.
Покрај симптомите кои се манифестираат како помалку од три празнења неделно, добро е родителите да знаат кои се другите знаци на констипација. Тие знаци можат да вклучуваат надуеност на стомакот и болка, одложување на одењето во тоалет, па дури и избегнување одење во тоалет, траги од столицата на нивниот долен веш или напнување во текот на празнењето.
Констипацијата може да бара некои промени во исхраната на детето, како додавање повеќе храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук и мешунки.
Дополнително, родителите треба да ги охрабрат децата да пијат многу течности, идеално вода и да ја зголемат физичката активност. Констипацијата може да влијае и на цревната флора. Како идеја, би можело да се вклучат во исхраната пробиотски бактерии кои помагаат во колонизација во цревната микрофлора во дигестивниот тракт.
Научете ја важноста на првите 1000 дена зачнувањето на Вашето бебе, осознајте како тоа влијае на развојот на имунолошкиот систем и како можете да го зајакнете.
Дијарејата која се јавува при патување е еден од најчестите дигестивни проблеми во тек на летото. Во продолжение, ќе најдете совети како да го подготвите Вашиот дигестивен систем за патување и ќе научите како пробиотиците може да Ви го олеснат патувањето и да Ве направат среќни.
Откријте го квалитетниот начин на исхрана во зима кој ќе го поттикне имуниот систем и со кој ќе изградите здрави семејни навики. Научете што се пребиотици и пробиотици, вклучително и за BioGaia пробиотските производи, и како да ги додадете во Вашата исхрана. Откријте кои се есенцијалните витамини и минерали за поддршка на имунитетот, и како да го додадете витамин Д3 со BioGaia. И на крај, испробајте го нашиот рецепт за топло чоколадо во супа од коски – вкусен/деликатесен и хранлив оброк за целото семејство.