Кога бебето e болно, јасно е дека родителите сакаат да оздрави што побрзо. Во некои случаи тоа значи користење антибиотици. Антибиотиците се основни лекови кои се борат против бактериски инфекцикии и спасуваат животи. Меѓутоа терапијата со антибиотици не е обична игра; тоа се серизони лекови кои треба да се користат само кога е неопходно и под лекарски надзор.
Ако бебето има бактериска инфекција и се потребни антибиотици важно е родителите внимателно да ги следат упатставата како и времетраењето на терапијата. Родителите треба да го прочитаат упатството на лекот кој се наоѓа во секое пакување и да се запознаат со несаканите ефекти кои се јавуваат често или ретко пред да започнат со лекување. Ако бебето покаже симптоми на несакани рекации, родителите треба веднаш да се обратат на лекар.