Smiling woman holding a happy baby, both dressed warmly in cozy clothing, against a neutral background.

Што се пробиотици?

Пробиотик значи „за живот“. Терминот се користи за опис на „добрите“ бактерии и нивното значење за животот и нашето здравје. Прочитајте повеќе информации за овие мали пријатели.

Smiling parents looking lovingly at their newborn baby wrapped in a brown blanket Smiling parents looking lovingly at their newborn baby wrapped in a brown blanket

Пробиотик значи ''за живот''

Терминот се користи за опис на ''добрите'' бактерии и нивното значење за животот и нашето здравје. Зборот потекнува од грчките зборови pro”, што значи „за“  и “bios” – живот.

За да биде сметан за пробиотик, микроорганизмот треба да е жив и неговото значење за здравјето треба да е докажано за време на клинички истражувања. Пробиотиците независно дали се во форма на таблети или течности треба да ги содржат истите бактериски соеви и да се користат во истата доза која е користена во дадено клиничко истражување. Најчестите микроогранизми кои се користат во пробиотиците се млечно-киселинските бактерии како Limosilactobacillus reuteri Protectis.

Happy couple embracing and smiling at the camera, dressed warmly in casual outdoor clothing.

Пробиотици - придружници низ животот

Микроорганизмите се дел од нас уште од раѓање, а нашите тела секојдневно работат на одржување соодветно ниво на цревните бактерии. Меѓутоа на нашиот микробиот може лесно да се влијае, особено кај мали деца и новороденчиња, и со тоа на нашите тела им е потребна помош и поддршка да ја надополнат микрофлората во цревата, на пример со земање пробиотици.

Но, не се сите пробиотици исти. Нашата мисија е да обезбедиме најтемелно истражени и најбезбедни бактериски соеви со највисок квалитет за Вас и Вашите деца.

 

Smiling father holding a joyful baby dressed in a gray hoodie. Smiling father holding a joyful baby dressed in a gray hoodie.

Грижа за цревните бактерии

Во совршен свет, не би требало да внесуваме додатоци за нашата микрофлора. Ние ја примаме нашата прва доза на потребни бактерии за време на раѓањето, а потоа и од мајчиното млеко, како и кога јадеме природно ферментирана храна подготвена на традиционални начини и живееме „природен“ живот.  

Но, во нашиот брз индустријализиран свет, нашиот дигестивен систем постојано се бомбардира со алергени, хемикалии и потенцијално штетни бактерии преку нашата храна и пијалаци. Покрај тоа, одредени лекови, лоши навики во исхраната и секако стресот можат да влијаат врз нашата цревна флора. Со внесување на производи што содржат живи микроби, можеме да го одржиме вистинскиот број бактерии што ја сочинуваат нашата нормална микрофлора.

Бактерии, предуслов за живот

Бактерии, предуслов за живот

Бактериите претставуваат микроорганизми или микроби кои ги има насекаде. Некои видови бактерии дури живеат во и на други организми, како што се луѓето. Како прва форма на живот што постои на земјата, тие ги диктираат условите на нашето постоење уште од самиот почеток. Limosilactobacillus reuteris е пример за бактерии кои се развиле во симбиоза со луѓето.

Limosilactobacillus reuteri

Limosilactobacillus reuteri

Производите од BioGaia содржат живи микроби од сојот Limosilactobacillus reuteri. Овој сој е еден од најдобро истражените соеви кој е достапен и чија безбедност е тестирана во сеопфатни безбедносни студии со здрави новороденчиња, доенчиња и возрасни.

Имунолошки систем

Имунолошки систем

Децата покажуваат интерес и се многу љубопитни, што може да ги изложи на неповолни услови. Значи, силниот имунолошки систем е од клучно значење за да ги задржи во форма и здрави додека растат.