Улогата на перинаталната диета врз моделирањето на гастроинтестиналната микробиота

Гастроинтестиналниот микробиом игра значајна улога врз здравјето на секој организам. Неговата единственост за секој организам засебно, зависи од исхраната на поединецот, возраста, полот, расата како и од поднебјето во кое живее.

Гастроинтестиналниот микробиом игра значајна улога врз здравјето на секој организам. Неговата единственост за секој организам засебно, зависи од исхраната на поединецот, возраста, полот, расата како и од поднебјето во кое живее.

Фактот дека два различни органзими не можат да имаат ист гастроинтестинален микробиом, не упатува на тоа дека, за секој поединец треба да се практикува индивидуален начин на исхрана. Основна карактеристика на здрав микробиом подразбира спречување на појава на болести. Многу научни студии сугерираат дека, при нарушување на балансот на микробиомот во цревата (дисбиоза), може да се јави синдром на иритабилен колон, воспаление на цревата, синдром на хроничен замор, дебелина, канцер, колитис, дијабетис, разни психолошки нарушувања, аутизам и др.

Дисбиоза настанува по долготрајно користење на антибиотици, нередовна и неизбалансирана исхрана, прекумерно консумирање на алхохол и други супстанци. Унапредувањето на гастроинтестиналниот  микробиом може да трае непрекинато и долго во континуитет, дури и до неколку години. Тоа се постигнува со менување на стилот на живот, избалансирана исхрана, практикување на физичка активност, контролирање на стресот, здрав сон, вклучување на пробиотици од видот L. reuteri Protectis како суплементација, кои помагаат во урамнотежување на гастроинтестиналната флора.

Неадекватните хранливи материи може да доведат до долготрајни или трајни последици, а тоа може да го зголеми ризикот од хронични заболувања, во развојот кај децата и возрасните.

Исхраната пред сé треба да биде избалансирана. Ритамот на оброците е особено важен и не смее да биде нарушен. Тоа подразбира појадок, ручек, вечера, како и една до две ужини во текот на денот. Дневниот внес на основните нутриенти како протеините, јаглехидратите и мастите мора да биде оптимален. Соодветно на тоа, потребно е хидрирање на организмот. Здравата исхрана не подразбира само избор на соодветни намирници, туку, особено мора да се внимава на квалитетот на намирниците, како и начинот на нивното чување при складирањето.

Сировата храна треба да биде неизоставен дел од секој оброк, во вид на свежо овошје и на зеленчук. Важно е исхраната да содржи нискокалорични протеини добиени од риба, мисиркино, пилешко и телешко месо, млечни производи, целозрнести житарки, јаткасти плодови, мешунки. Внесот на јаглехидратите се препорачува да биде од целозрнестите житарки и свежо овошје. Мастите треба да бидат во соодветен сооднос помеѓу омега-3 и омега-6 масните киселини. Најдобар извор на масти се нерафинираните растителни масла, козјите млечни производи и јаткастите плодови. Сите овие продукти помагаат во соодветната искористливост на храната во дигестивниот тракт, но помагаат и во развојот на соодветната ГИТ флора.

Намирниците кои содржат пробиотици треба да бидат застапени секојдневно во исхраната. Тоа се ферментираните производи како киселата зелка, киселите краставици, комбухата, темпехот ( ферментирана соја ), мисо супата и јаболковиот оцет.

Од млечните производи на прво место е кефирот, кој може да се приготвува и во домашни услови , дури и со вода – воден кефир, но тука се и младите сирења како и  јогуртот. Храната богата со пребиотици исто така е од исклучително значење за развивање на пробиотиците во гастроинтестиналниот тракт. Тука треба да се спомене бананата, артичоката и шпарглите.

Секако дека постои и храна која помага во размножување на непожелни бактерии во гастринтестиналниот тракт. Тоа подразбира да се избегнува секаков вид процесирана храна, газирани пијалоци, како и пржена храна. Треба да се избегнува употреба и на простите шеќери, високофруктозниот пченкарен сируп ( кој е застапен скоро во секоја пакувана намирница) како и квасецот.

Адекватната исхрана може да придонесе за унапредување на здравата гастроинтестинална флора кај секој поединец, но, сепак оптималниот внес на пробиотици се постигнува со нивна секојдневна суплементација. Многу пробиотици изумираат кога ќе се сретнат со кисела средина во желудникот, но L. reuteri Protectis преживува низ гастроинтестиналниот тракт. Значајно е да се истакне дека L.reuteri Protectis заради неговото потекло (изолиран е од мајчино млеко) има својство и механизми на преживување по целата должина на гастроинтестиналниот тракт. Со клинички студии е докажано дека се колонизира во голем и мал интестинум и покрева имунолошки одговор. Тоа значи дека L. reuteri Protectis придонесува за подобрување на имунитетот кај оние кои континуирано го користат овој сој.

Научни истражувања во кои се земени примероци од целото тело, покажуваат дека L. reuteri Protectis е присутен во:  мајчиното млеко, устата, вагината, стомакот, тенкото црево, дебелото црево и фецесот.

BioGaia пробиотиците се исклучително безбедни и ефикасни пробиотици.Нивната безбедност и ефикасност е докажана во повеќе од 170 клинички студии, правени кај новороденчиња,деца и возрасни.

 Aлергени како јајца, кикирики, ореви, риби, школки и соја не се користени во производството на производи на БиоГаиа. Во таблетите на BioGaia не се детектираат млечни протеини ниту лактоза, а нивото на глутен е под граничната вредност на ЕУ за производи без глутен. Не е ограничено времетраењето на дозирање на пробиотикот BioGaia. Колку подолго се дозира, поголеми се бенефитите по здравјето на децата и возрасните.

Здравјето започнува од ГИТ. Многу е важно кога одбирате пробиотик, бактеријата од пробиотикот да има способност да се колонизира во ГИТ. Бактеријата од BioGaia производите  коегизистира со човекот од самото негово постоење.

 

Референци:

  •  Role of Probiotics in Human Health, Harsh Bodke1 and Sangita Jogdand1
  • Chapter 27 - The role of probiotics in nutritional health: probiotics as nutribiotics María Chávarri 1, Lucía Diez-Gutiérrez 1, Izaskun Marañón 1, María del Carmen Villarán 1, Luis Javier R. Barrón 2
  • The Potential Impact of Probiotics on Human Health: An Update on Their Health-Promoting Properties, by Nicoleta-Maricica Maftei 1,2,3, Cosmin Raducu Raileanu 4, Alexia Anastasia Balta, Lenuta Ambrose 4, Monica Boev 1,3,*,Denisa Batîr Marin 1,3,* and Elena Lacramioara Lisa 1,3

 

КУПИ ОНЛАЈН