Бременоста е едно фантастично искуство кое носи големи промени и прилагодувања кон новонастаната состојба. Бидете сигурни дека повеќе не сте сами и сите одлуки и постапки може да се одразат и на вашето бебе.
Пробиотици за трудници
Бременоста е едно фантастично искуство кое носи големи промени и прилагодувања кон новонастаната состојба. Бидете сигурни дека повеќе не сте сами и сите одлуки и постапки може да се одразат и на вашето бебе.
Денес постојат безбедни пробиотици кои можат да помогнат во совладување на бројни предизвици. Поттикнувајќи ја здравата цревна флора, пробиотиците придонесуваат за надминување на проблемите со опстипација (запек) или гингивитис – состојби кои често се јавуваат во текот на бременоста.
Пробиотиците, исто така, може да го подобрат имунитетот, да ве заштитат од инфекции и на таков начин дури и да доведат до зајакнување на имунитетот на вашето неродено бебе.
Зајакнете го имунитетот на вашето бебе уште пред да се роди
Одамна е познато дека некои микроорганизми можат да се пренесат од мајката на бебето по вагинален пат при самиот чин на раѓање или преку мајчиното млеко. Новите научни сознанија сугерираат на тоа дека преносот на микроорганизмите е можен и преку плацентата, со што се потврдува фактот дека новороденчињата стануваат експонирани на бактерии уште во текот на бременоста.
Брзиот начин на живот и неадекватната исхрана можат да го нарушат вагиналното милје на мајката. Некои неочекувани состојби може да доведат до променет тек на породувањето, па тоа да заврши како царски рез, а постојат и мајки кои не се во можност да го дојат своето бебе. Сето тоа може да биде причина за неадекватен трансфер на микроорганизми од мајката на бебето.
BioGaia пробиотиците во составот содржат L. reuteri Protectis, кој е еден од најдобро проучените соеви на пробиотици во светот. Неговата употреба во вид на суплементација кај трудницата придонесува за одржување на здравјето на цревата на мајката и врши превенција и заштита од инфекции, при што е безбеден и за мајката и за детето, што е докажано во многу клинички студии.
Избегнете опстипација (запек) за време на бременоста
Доколку се чувствувате надуено или имате проблем со празнење на цревата, тогаш знајте дека не сте сами!
Дури 50 % од трудниците страдаат од појава на опстипација (запек) во текот на бременоста.
Појавата на опстипација (запек) во текот на бременоста може да биде непријатен проблем кој може да доведе до појава на хемороиди или доколку постојат, да дојде до нивно влошување.
За таа цел, треба да се започне со промени во исхраната, консумирање храна со повеќе влакна, пиење повеќе течности и вежбање.
BioGaia пробиотиците во составот содржат L. reuteri Protectis, со што се влијае на подвижноста на цревата, а тоа е важно за правилно варење на храната, ублажување на опстипацијата (запекот) и за подобрување на мотилитетот на цревата за околу 30 %.
Заштита од инфекции
Да се остане здрав и со силен имунолошки систем е секогаш важно, но тоа особено е важно во текот на бременоста. Иако бремените жени не се многу подложни на инфекции, физиолошките промени кои се случуваат во текот на бременоста (на пр.: намален капацитет на белите дробови, застој на урина, промени во протокот на крв и хормонални промени) можат да предизвикаат некакво заболување што не е карактеристично за периодот на бременоста.
Модерниот начин на живот, со минимална физичка активност, небалансирана исхрана и високо ниво на стрес, дополнително го зголемува ризикот од инфекции. Околу 80 % од имунолошките клетки се наоѓаат во цревата, затоа грижата за цревата е најважниот прв чекор.
Обновување на цревната микрофлора по породување со царски рез
Една од најголемите предности на вагиналното породување е токму трансферот на корисни микроорганизми од мајката на бебето. Во текот на вагиналното породување бебето се колонизира со вагинални и фекални бактерии од мајката. Од друга страна, бебињата родени по пат на царски рез се колонизираат со бактерии од кожата и од болничката средина, што ги прави со пооскудно бактериското милје, компарирано со бебињата родени по вагинален пат.
Новите клинички докази сугерираат на тоа дека пробиотските бактерии можат да спречат рана микробиотска дисбиоза кај децата родени со царски рез. Неодамнешна студија покажала дека суплементацијата со L. reuteri Protectis врши модулирање на раниот развој на цревната флора кај бебињата родени со царски рез, со што таа станува многу слична како цревната флора на вагинално родените бебиња.
Развој на цревната флора по породување со царски рез
Во првите недели од животот кај 26 % од сите бебиња, се дијагностицираат бебешки грчеви (колики). Оваа состојба на неутешен плач и вознемиреност на бебето многупати доведува до чувство на фрустрација и чувство на беспомошност кај родителите. Но, запомнете дека вие како родители не сте виновни за оваа состојба.
Никој не ја знае точната причина за појава на колики. Причината за појава на колики може да биде прекумерното создавање гасови во цревата, силни контракции во цревата, преосетливост на протеини во кравјото млеко, промени во цревната микрофлора или можеби од сѐ по нешто. Обично, коликите се повлекуваат по 3 – 4 месеци.
Постојат повеќе докази кои ја покажуваат поврзаноста на цревната микрофлора со коликите кај новороденчињата.
Неурамнотежената микрофлора може да биде причина за прекумерна активност и движење на цревата, како и зголемена продукција на гасови. L. reuteri Protectis е единствен пробиотик кој има клинички докажани ефекти за превенција и третман на инфантилни колики (грчеви). Суплементацијата со L. reuteri Protectis го намалува времето на плачење за околу 50 %.
Референци:
Johnson P et al. Acta Obstet Gynecol Scand 2014; 93:874-879. 2. Ojetti et al. 2017. Eur Rev Med Phar-macol Sci. 2017 Apr;21(7):1702-1708. 3. Kourtis A.P. Read J.S. & Jamieson D. J. (2014). The New England Journal of Medicine, 370(23), 2211-2218. 4. Gyte GML et al. Cochrane Database of Systematic Reviews 2014, Issue 11. 5. Miller JE et al. International Journal of Epidemiology 20182. 6. Gutierrez-Castrellon P et al. (2014). Pediatrics 133:e904-e909. 7. Lionetti E et al. Aliment Pharmacol Ther. 2006;24:1461-1468. 8. Schlagenhauf U et al. J Clin Perio-dontol 2016; 43:948-954. 9. Dominguez-Bello MG et al. Proc Natl Acad Sci U S A 2010;107:11971-5. 10. Jakob-sson HE et al. Gut. 2014;63(4): 559-66. 11. Neu J et al. Clin Pernatol. 2011;38:321-331. 12. Rodríguez JM et al. Microb Ecol Health Dis. 2015;26:26050. 13. Garcia Rodenas et al. JPGN 2016;63: 681-687. 14. Rosen LD et al. Pediatrics in Review, 2007: 28:381-385. 15. Savino F et al. J Pediatr. 2018 Jan;192:171-177. 16. Cruchet S et al. Paediatr Drugs. 2015;17:199-216. 17. Indrio F et
al. JAMA Pediatr. 2014;168:228-233. 18. Savino F et al. Pediatrics 2010;126;e526-e533.