Расположението во секојдневниот живот е променливо. Обидете се овие промени во животот на Вашите деца да ги сведете на минимум со помош на нашите 5 практични совети. Дознајте како здравите црева влијаат на промените во расположението и целокупната благосостојба. Откријте како „комуницираат“ стомакот и мозокот. Прифатете ги нашите 5 практични совети за поддршка на цревната отпорност и како тоа влијае на благосостојбата на Вашите деца.
Среќните моменти најчесто доаѓаат од нашата околина, целокупната благосостојба на Вашите деца е во тесна врска со здравјето и состојбата на нивните тела. Фокусирањето кон позитивни навики и усвојување на нови, може да го подобри квалитетот на животот на децата.
Во овој блог ќе се запознаваме со тоа како “комуницираат” стомакот и мозокот, за понатаму да се задлабочиме во создавањето и подучувањето на Вашите деца на нови здрави навики.
1. Oткријте каква е таа врска стомак – мозок и што истата значи?
Колку често имате чувство на нелагодност или чувство на „разлетани пеперутки“ во стомакот? Луѓето отсекогаш ја чувствувале поврзаноста на стомакот со мозокот. Од научна страна од неодамна станува јасно дека комуникацијата не се одвива само во насока од мозокот кон стомакот. Врската всушност постојано се одвива во двата правци, од и до, и тоа преку невротрансмитери и хормони.
Балансиран микробиот во стомакот создава приближно 90% од серотонинот и 50% од целокупниот допамин во нашето тело. Овие невротрансмитери, познати и како „хормони на добро расположение“, му даваат поддршка на организмот преку регулација на различни процеси и функции, како што се спиење, варење на храната и метаболизам. Одржувањето нормални нивоа има значително влијание врз нашето расположение и прави да се чувствуваме посреќни.
Секоја дигестивна непријатност понатаму негативно влијае на психо-физичкото здравје и чувствата. Ова многу почесто се случува кај деца бидејќи во училиштето се постојано под влијание на секакви микроорганизми, или можеби минуваат низ стресен период. Овие совети можат да помогнат за полесно надминување на периодот.
2. Планирајте ги оброците и ужинките
Исхраната има најдиректно влијание врз дигестивното здравје. Утринските брзаници во домот придонесуваат за брзо и убаво спакуван ручек кој не е секогаш здрав.
Обидете се да ги спакувате оброците и ужинките претходната вечер. Планирајте да има овошје, зеленчук, житарици, протеини од храна со ниска масленост. Избегнувајте слатки и полномасни производи. Вклучете ги децата во подготовката или планирањето на менито. Секако повеќе ќе уживаат во утрешниот оброк кога ќе знаат дека и тие учествувале во неговиот избор и подготовка. Дополнително, ова може да стане убава семејна традиција.
Здравиот начин на исхрана е клучен за здрав стомак. Но, секако можете да додадете пробиотици во исхраната за да ја надополните цревната микрофлора. BioGaia таблетите за џвакање со вкус на јагода или лимон се додаток на исхрана кои се максимално безбедни за Вас и Вашето дете. Поддржан со повеќе од 260 клинички студии, тоа е производ на кој му веруваат педијатрите и родителите.
Limosilactobacillus reuteri Protectis, пробиотскиот сој, е со потекло од мајчино млеко. Нашиот дигестивен тракт е негово природно живеалиште, што го прави особено погоден за колонизација во оваа област од телото.
3. Одберете си редовна физичка активност и практикувајте ја секојдневно
Огромна корист како за децата така и за возрасните има редовната физичка активност. Секој надворешен спорт за детето е одличен избор. Сепак, на крајот, вистинскиот избор е најмалку важен, се’ додека тие уживаат во него и се редовни.
4. Одржувајте силен имунитет
Голем дел од нашиот имунолошки систем се наоѓа во цревата. Ова ја потврдува силната поврзаност со нашиот начин на исхрана. Погрижете се оброците, ужинките и целата исхрана да бидат разновидни и хранливи. Како дополнителна грижа за цревната микробиота, може да размислите да додадете BioGaia капки со витамин Д3 во исхраната. Нашиот херојски, Limosilactobacillus reuteri Protectis, ја надополнува цревната микробиота, и заедно со витаминот Д придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
5. Воспоставете рутина за спиење
Спиењето игра огромна улога во целокупното здравје на детето. Недоволно сон многу брзо ја менува содржината на цревната микробиота и влијае на варењето на храната, имунитетот и слично. Спиењето помага во создавањето на рутина која на Вашето дете секоја вечер ќе му обезбеди доволно сон.
Општо правило е дека помалите деца треба да спијат од 10 до 12 часа во текот на ноќта, додека на постарите им требаат 9 часа спиење ноќе.
6. Оддржувајте добра хигиена
Било кога е во училиште или на друго место каде има многу луѓе, особено е важно да го охрабрувате Вашето дете редовно да ги мие рацете, да кива или кашла со покриена уста, и да избегнува да ги дели храната и пијалокот. Исто така, нагласувајте дека прекумерната употреба на средства за дезинфекција може да биде контрапродуктивна. Запомнете дека секој пат кога се мијат рацете, се убиваат микроорганизми и бактерии, но не само „лошите“ туку и „добрите“ кои ни се потребни.
Секогаш ќе има подеми и падови во расположението на Вашите деца. Прашањето е колку високи ќе бидат подемите, а колку ниски падовите.
Дознајте повеќе за врската помеѓу мајката и бебето во нашиот претходен текст.