Патувајте непречено и секаде со омилените пробиотици за целото Ваше семејство!

Дијарејата која се јавува при патување е еден од најчестите дигестивни проблеми во тек на летото. Во продолжение, ќе најдете совети како да го подготвите Вашиот дигестивен систем за патување и ќе научите како пробиотиците може да Ви го олеснат патувањето и да Ве направат среќни.

Патувајте непречено и секаде со Вашите омилени  пробиотици! Направете ја вашата цревна микробиота среќна

Сезоната на патувања наближува и иако тој период треба да биде еден од најубавите во годината, патувањето често може да биде придружено со стрес, а понекогаш дури и со различни цревни непријатности. Дијарејата која се јавува при патување се рангира меѓу најчестите компликации која може да ги засегне децата и возрасните. За среќа, постојат неколку совети кои треба да ги следите за да тргнете подготвени и да уживате во Вашиот одмор или патување. Ќе Ве запознаеме со некои од нив.

“Добри” бактерии во цревата

Пред да Ве запознаеме со некои конкретни совети, добро е да ја разберете улогата на “добрите” бактерии и другите корисни микроорганизми во нашиот гастроинтестинален тракт.

За нашето тело да функционира непречено, потребна му е помош, а таа помош телото ја добива од трилиони микроорганизми.

Некои од овие микроорганизми живеат на кожата, повеќе од нив живеат во телото, а најзначителен дел од нив се наоѓаат како нормални жители во нашите црева. Тие се дел од нашата цревна микробиота. Кај здрава личност, цревната микробиота се состои од добри и лоши микроорганизми и сите тие мирно коегзистираат. Кога тие се подеднакво присутни, тогаш владее рамнотежа во нашиот дигестивен систем.

Цревната микробиота е од суштинско значење не само за дигестивниот систем туку и за целокупното здравје, па дури и за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Затоа, нејзината рамнотежа е неопходна.

За жал, рамнотежата на цревната микробиота може лесно да се наруши, и тоа, најчесто од стрес, одредени диети, антибиотици или заразни болести кои ги нарушуваат нормалните интеракции на микроорганизмите.

Проблеми при патување или летување

Кога патуваме, се изложуваме на многу нови за нас, бактерии и вируси. Колку сме подалеку од дома, толку помалку сме навикнати на новите видови патогени микроорганизми. Средбата со овие, за нас нови, патогени микроорганизми може да предизвика непријатност во стомакот или т.н дијареја при патување.

Дијарејата која се јавува при патување може да започне ненадејно, за време или по Вашиот одмор. Симптомите обично започнуваат да се подобруваат во рок од 2 до 3 дена. Главни симптоми кои се јавуваат при оваа состојба се: абдоминална болка, прекумерена појава на гасови, гадење, замор, губење апетит, повраќање, треска и дехидрација. Зaтоа, пред сè, важно е да останете хидрирани. Оралните соли за рехидратација (ORS) може да бидат добра помош.

Откако ќе бидете подготвени повторно да јадете цврста храна, започнете со овошни јагленихидрати богати со влакна.

Грижете се за одржување на здравата микрофлора и дополнете го Вашиот микробиот со BioGaia Protectis пробиотски капки или таблети за џвакање. Во нивниот состав се наоѓа пробиотски сој, Limosilactobacillus reuteri Protectis, кој е меѓу најистражуваните пробиотски соеви на пазарот и може да помогне во регенерирање на цревната микробиота бидејќи таа може да биде засегната додека патувате. Само една таблета на ден или 5 капки BioGaia Protectis се доволни за да ја обезбедите препорачаната дневна доза од 100 милиони живи бактерии Limosilactobacillus reuteri Protectis.

Во продолжение, уште неколку совети кои можат да помогнат во грижата за Вашиот дигестивен систем, пред и за време на патувањето.

Гответе, излупете, сварете или оставете!

Сигурно сте слушнале за овие мерки на претпазливост кога станува збор за храната кога патувате, а има и причина зошто. Тие мерки се релативно лесни за паметење и може да бидат многу корисни. Едноставно, фразата го резимира следново:

● Погрижете се да биде правилно зготвена целата храна што ќе ја консумирате. Тоа, особено, се однесува за подготовката на: месо, риба, секаков вид морска храна, јајца, па дури и зеленчук.

● Изберете овошје што можете сами да го излупите, на пример: банани, портокали, манго и други.

● Користете зовриена вода за миење на забите, или уште подобро, користете флаширана вода.

● Или, доколку некоја храна Ви изгледа непознато - подобро оставете ја !

Иако овие едноставни чекори ги покриваат најважните точки, сепак, препорачуваме и мало дополнување:

● Грижете се за Вашата цревна микробиота преку суплементација со корисни бактерии со BioGaia Protectis пробиотски капки или BioGaia Protectis таблети за џвакање.

● Избегнувајте коцки мраз во Вашите пијалаци. Ова правило не важи само доколку сте сигурни дека тие не се направени со вода од чешма. Исто така, коцките од мраз можат прилично брзо да се стопат во тропските предели поради високите температури, па внимавајте на Вашиот шанкер????.

● Пијте само добро затворена флаширана вода и флаширани или конзервирани пијалаци. Отворете ги сами и слушајте го типичниот поп-звук.

● Редовно мијте ги рацете и, доколку е потребно, користете средство за дезинфекција на база на алкохол.

● Внимавајте да не голтнете од водата за туширање!

И како бонус совет, запомнете дека колку е посилна Вашата цревна микробиота пред пaтување, толку е подобро!

Подгответе се правилно, Вие и Вашите најмили, да ги избегнете неочекуваните проблеми за време на Вашиот одмор или летување. Практикувајте суплементација со BioGaia Protectis капки или BioGaia Protectis таблети за џвакање – нека биде тоа дневна рутина на семејството, најмалку 2 недели пред патувањето или одморот.

Се грижиме за Вас!

Ви посакуваме среќни и лесни патувања!

КУПИ ОНЛАЈН