Откријте корисни совети за воведување цврста храна на вашето бебе и дознајте повеќе за моќта на доењето во развојот на цревната микробиота и неговата улога во созревањето на имунолошкиот систем.
Една од вашите први одлуки како нови родители ќе биде дали да го доите вашето бебе или да користите формула. И двете опции имаат свои добри и лошите страни. Сепак, генерално се смета дека доењето има круцијално значење за вашето бебе. Прочитајте во продолжение за важноста на доењето во развојот на цревната микробиота на вашето бебе и созревањето на имунолошкиот систем, раните фази на воведување цврста храна и потенцијалните стомачни непријатности.
Составот на мајчиното млеко се менува во текот на доењето за да ги задоволи сите нутритивни потреби на вашето бебе. Ги содржи сите есенцијални хранливи материи, антитела и ензими кои го поддржуваат оптималниот раст и развој на доенчето. Исто така, му овозможува на вашето бебе ,адекватен внес на бактерии и други микроорганизми, кои поволно влијаат во формирањето на здрава цревна микробиота.
Цревната микробна колонизација, која се одвива во првите 1000 дена од зачнувањето, е од суштинско значење за развој на стабилна и разновидна цревна микробиота, учестува во созревање на имунолошкиот систем, апсорпција на хранливи материи и практично влије на целокупно здравје и во подоцнежниот период од животот. Затоа, важно е за вас како мајка да се грижите за вашата цревна микробиота, особено за време на бременоста и доењето, со што ќе обезбедите цревната микробиота на вашето бебе да добие дополнителна поддршка доколку е потребно.
Ако сакате дополнително да се грижите за вашата цревна микробиота, пробајте ги пробиотиците BioGaia. Нивниот херој пробиотски сој, Limosilactobacillus reuteri Protectis, е еден од најдобро истражените пробиотски соеви во светот. Тој е од човечко потекло, безбеден кај децата и кај возрасните и особено погоден за колонизирање и опстојување во цревата. Пробајте ги таблетите за џвакање BioGaia Protectis за себе, вашиот партнер или постарите деца и BioGaia Protectis пробиотските капки за вашето бебе, безбедни од првиот ден по раѓање.
Секое новороденче е различно, но генерално се советува воведувањето на цврста храна кај доенчињата да започне околу 6-от месец, но не порано од 4-от месец. Знаете дека вашето дете е подготвено кога:
• Може да остане во седечка положба и да ја држи стабилно главата.
• Покажува интерес за храна.
• Храната ја голта наместо да ја плука.
• Постои координација на очите, рацете и устата и детето самостојно може да ја стави храната во уста.
На почетокот, вашето бебе треба само да се навикне на новите вкусови и текстури, бидејќи тие сè уште добиваат најголем дел од енергијата и хранливите материи од мајчиното млеко. Само 1 до 2 лажички храна дневно ќе бидат доволни на почетокот.
Прво, храната треба да биде ситно испасирана или процедена. Во текот на следните недели и месеци, вашето доенче полека ќе ги развива оралните вештини и ќе може да се префрли на грубо испасирана, мелена и на крајот сечкана храна. Сепак, целата храна на почетокот треба да биде многу мека.
Бидеќи цревната микробиота и варењето сè уште се развиваат, вашето бебе може да доживее некои стомачни проблеми. Најчесто се појавува запек по внесување на цврста храна и материи.Заради поретко празнење на дебелото црево, нивната столица е тврда или сува и истата тешко се исфрла. Во тој случај, треба да додадете повеќе храна богата со влакна, како што се овошје и зеленчук, во нивната исхрана, плус да се погрижите да добиваат доволно течности со доење или со давање изладена, зовриена вода.
Во принцип, имајте ги на ум следните совети кога воведувате цврсти материи:
• Бидете мирни и трпеливи кога ќе започнете.
• Трудете се вашето бебе седи додека јаде.
• Започнете со храна од една состојка и воведете нова по неколку дена.
• Следете ги знаците на вашето бебе за тоа колку сака да јаде.
• Направете едноставна храна без зачини, шеќер или сол.
• Оставете го вашето бебе да проба само да се храни.
• Додадете BioGaia пробиотски капки во нивната секојдневна рутина.
Уживајте во ова време и не грижете се доколку домот ви станува неуреден и нечист. Секогаш консултирајте се со вашиот педијатар за какви било сериозни проблеми што ги доживува вашето бебе.