Кога малите стомачиња предизвикуваат болка: Стомачна непријатност кај новороденчиња/мали деца

Стомачната непријатност кај бебиња создава стресна ситуација во целото семејство. Дознајте ги начините на кои можете да му помогнете на Вашето бебе и за ефектот на пробиотиците врз составот на цревната микробиота. До 26% од бебињата во првите месеци од животот чувствуваат непријатност во стомакот. Дознајте кои се можните причини и како да се надминат овие непријатности.

Стомачна непријатност кај дечињата

Без разлика дали Ви е прво, второ па и трето дете, раѓањето е секогаш огромен чекор во животот кој понатаму води по не многу позната патека. Патувањето може да биде мирно, но и трнливо, или нешто помеѓу. Сепак, кога Вашето новороденче ќе почувствува непријатност во стомачето, „патувањето“ најверојатно ќе биде трнливо. Тука ќе дознаете како да ја препознаете состојбата и на кој начин може да се олесни.

Како да ја препознаете стомачната непријатност кај новороденчето

Во првите три месеци од животот, Вашето бебе со Вас комуницира преку плач. Обично, преку плачењето Ви кажува дека е гладно или дека треба да се промени пелената. Но, до 26% од бебињата плачат бидејќи имаат непријатно и болно чувство во стомакот.

Препознавањето на стомачната непријатност е тешко, бидејќи ниту еден медицински тест не може да ја докаже. Сепак, има одделни знаци кои можат да помогнат, кои се познати како правило на тројка. Тоа се епизоди на неутешно плачење кои се случуваат:

  • подолго од 3 часа во денот,
  • 3 дена во неделата,
  • траат подолго од 3 недели во серија и се случуваат кај здраво бебе.

Овие епизоди главно се повторуваат во ист период од денот, што ги прави предвидливи и очекувани. Често се случуваат навечер или во текот на ноќта.

Во други симптоми поврзани со стомачната непријатност спаѓаат и:

  • Напнатост на телото како што се влечење или претерано клоцање со нозете, вкочанетост на рацете, стискање тупаници, свиткан грб и стегнат стомак.
  • Зацрвенето лице и намуртено лице.
  • Испуштање гасови.

Било кој од овие симптоми можат да бидат знак и на друга здравствена состојба. Секако посетете го Вашиот педијатар како би ги исклучиле другите состојби.

Стомачната непријатност може да се појави кај секое бебе, и најчесто се јавува кај бебиња на возраст помеѓу 2 и 5 недели старост и обично се подобрува природно околу 3-4 месечна возраст. Не предизвикува никакви краткотрајни или хронични медицински проблеми за Вашето бебе, но Ви предизвикува стрес. Не двоумете се да побарате помош, обратете се кај близок пријател или член на семејството кој би Ве заменувал додека Вие одмарате.

Причини за појава на стомачни непријатности

Постојат бројни теории, дискусии и студии. И се’ уште, и ден денеска, никој со сигурност не ја знае вистинската причина за непријатноста во цревата кај бебињата. Постојат бројни фактори кои имаат улога при појава на оваа состојба и кои вклучуваат:

  • Незрелост на дигестивниот систем.
  • Недоволна разновидност на цревната микробиота.
  • Алергии на храна или интолеранции.
  • Недоволна исхрана, прекумерна исхрана или нередовно подригнување.
  • Прилагодување кон средината (светлост, звуци и сл.).
  • Стрес или нервоза во семејството.

Како да се справите со стомачната непријатност?

Бидејќи причината за непријатноста во цревата е сè уште мистерија, не постои ни вистински третман. Затоа, примарна цел е да го смирите Вашето бебе колку што е можно повеќе. Еве некои од стратегиите што може да ги испробате:

  • Триење на стомакот - почекајте најмалку 30 минути по хранењето и полека и нежно масирајте го стомакот на Вашето малечко во кругови во насока на стрелките на часовникот со помош на показалецот и средниот прст.
  • Лесно притискање на стомакот - легнете го бебето на подлактицата, со стомакот надолу, држејќи ја главата во Вашата дланка. Со оваа позиција се прави лесен притисок врз стомакот, помагајќи да се ослободи напнатоста.
  • Триење на грбот – ставете го Вашето малечко на стомакот и нежно тријте му го грбот.
  • Движење – однесете го Вашето новороденче на возење со автомобил или на прошетка во количка, шетајте наоколу или лулкајте го бебето.

Суплементација со пробиотици

Бидејќи бебешката микробиота е се’ уште во развој, пожелно е да правите нејзино надополнување со пробиотици. Користете ги BioGaia Protectis капките кои се безбедни за новороденчиња од првиот ден по раѓањето. Нашиот „херојски“сој е бактеријата Limosilactobacillus reuteri Protectis, која е високо ефикасна во колонизацијата и во зачувување на нејзиното присуство во цревата, спаѓа во најистражуваните пробиотски соеви на пазарот, и е од хумано потекло.

Со само 5 капки дневно, Вашето бебе ја добива препорачаната дневна доза од 100 милиони живи бактерии од сојот L. reuteri Protectis.

Ако веќе сте пробале сè, но ништо не функционира, консултирајте се со педијатарот за промена на Вашата исхрана ако доите или промена на формулата, за да се отфрли нетолеранцијата на храна и другите здравствени проблеми. Исто така, не губете надеж, бидејќи непријатноста во цревата на крајот секогаш исчезнува.

 

КУПИ ОНЛАЈН