A pregnant woman with dark hair, wearing a light cardigan and shorts, sitting on a bed and gently holding her belly while smiling in a bright, airy room

Бременост: моменти на магија – кои сами по себе носат предизвици

Од моментот кога дознавте дека ќе станете мајка, почнавте да ги забележувате промените што се случуваат во вашето тело. Како што се посетепено се прилагодувате на помислата дека во вас носите нов живот, така следат и промени што можеби ги очекувате и некои кои за вас ќе бидат сосема нови и непознати.

БРЕМЕНОСТ

МОМЕНТИ НА МАГИЈАКОИ САМИ ПО СЕБЕ НОСАТ ПРЕДИЗВИЦИ

Од моментот кога дознавте дека ќе станете мајка, почнавте да ги забележувате промените што се случуваат во вашето тело. Како што се посетепено се прилагодувате на помислата дека во вас носите нов живот, така ќе следат и промени што можеби ги очекувате и некои кои за вас ќе бидат сосема нови и непознати. Сите жени се надеваат дека ќе имаат корист од сјајот со кој зрачат во самата бременост, но , бременоста може да донесе и некои понепријатни симптоми со себе. За среќа, во повеќето случаи, постојат многу начини на кои можете да се чувствувате подобро со цел да се концентрирате повеќе на врската помеѓу вас и вашето неродено бебе.

Денес ќе разгледаме некои од најчестите предизвици, нивните причини и начини како да се справите со истите  за време на бременоста.

ДИГЕСТИВНИ ПРОМЕНИ

Колку и да е волшебна бременоста, хормоналните флуктуации и фактот дека нов организам расте во вас може да предизвикаат проблеми со варењето на храната. Кај некои , ова започнува со утринска мачнина (која, патем, не мора да биде наутро) многу рано во бременоста, но за повеќето- околу 40% - мачнините  се јавуваат и кон крајот. Некои чувствуваат надуеност и гасови во попладневните часови и навечер, или доживуваат горушица кога ќе легнат да спијат. Други можеби не се толку „редовни“ како што беа пред бременоста и имаат поретки празнења на цревата, што го прави одењето во тоалет непријатно искуство.

Иако начинот на живот - хидратација, движење и исхрана - може да играат значајна улога во бременоста, важно е да размислите за бактериите во вашиот гастроинтестинален тракт. Покрај пиењето многу вода, лесни вежби како што се пешачење или јога и јадење храна богата со влакна како зеленчук, овошје и житарки, може да размислите и за земање пробиотски производи. Капките и таблетите за џвакање BioGaia Protectis содржат Limosilactobacillus reuteri Protectis,кој е изолиран од мајчино млеко и е целосно безбеден за бремени жени и бебиња. Истражувањата исто така покажаа дека Limosilactobacillus reuteri Protectis може да го зголеми бројот на корисни бактерии во цревата.

OБИДЕТЕ СЕ ДА ОСТАНЕТЕ СИЛНИ ВО ПЕРИОДОТ НА БРЕМЕНОСТА

Иако повеќето идни мајки би сакале да ги подигнат нозете со шолја чај, реалноста е дека денешните мајки сè уште имаат многу топки за жонглирање додека го доведуваат своето малечко до термин – работа, други деца, прегледи на лекар, посета на часови за породување итн. Лесно е да се заморите во овој период кога треба да се грижите за себе уште повеќе од вообичаено. Затоа уште поважно е да направите се што можете за да го поддржите вашиот имунолошки систем за време на бременоста.

Одамна е познато дека околу 80% од нашите имунолошки клетки се наоѓаат во цревата. Како таков, вашиот гастроинтестинален тракт го претставува најголемиот дел од првата одбрамбена линија на вашето тело од неповолни услови. Но не заборавајте дека можеби ќе треба дополнителна грижа за време на бременоста кога вашиот имунолошки систем е во постојан флукс. Дополнувањето на вашата исхрана со пробиотици може да помогне да се зголеми концентрацијата на корисни бактерии за одржување на природната микробиота во гастроинтестиналниот тракт. Покрај тоа, истражувачите долго време ги истражуваат придобивките од витаминот Д за имунолошкиот систем. За жал, количината на витамин Д што ја добиваме од изложување на сончева светлина е многу зависна, меѓу другото, од нашиот начин на живот, возраста, бојата на кожата, тековната сезона и нашата географска локација. 

АНТИБИОТИЦИ ВО БРЕМЕНОСТ

Колку и да инвестирате во зајакнување на вашиот имунолошки систем, понекогаш се разболуваме. Ако за време на бременоста се разболите од бактериска инфекција, антибиотиците може да бидат единственото решение за да се вратите на нозе. Ако вашиот лекар ви препише терапија со антибиотици за време на бременоста, неопходно е да ја надополните вашата микробиота додека ги земате. Забелешка: Без разлика дали сте бремени или не, антибиотиците треба да се земаат само по совет на лекар и треба да се земаат како што е наведено во дадените упатства.

Иако антибиотиците се многу добри во уништувањето или инхибирањето на патогените кои нè разболуваат, тие не можат да направат разлика помеѓу „штетните“ и „корисни“ бактерии. Како такви, тие исто така ги инхибираат патогените бактерии во вашето црево. Истражувањата покажаа дека пробиотиците се ефикасни во колонизирањето на цревната флора. Како такви, додатоците кои содржат живи бактерии од сојот Limosilactobacillus reuteri Protectis може да се зема заедно со вашите препишани антибиотици. Овие додатоци во исхраната делуваат најефективно кога се земаат два до три часа пред или по примената доза на антибиотици.